Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел се воспоставени на 7 декември 1995 година
Билатерална договорна рамка:
Договори кои се предмет на ратификација
1. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Државата Израел“
- склучена во Ерусалим на 25 мај 1999 година
- во сила од 30 јуни 2003 година
2. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел за соработка во областа на културата, образованието и науката“
- склучена во Скопје на 8 јули 2004 година
- во сила од 27 јуни 2005 година
3. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел за соработка во областите на здравството и медицината“
- склучена во Ерусалим на 16 ноември 2009 година
4. „Договор меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход“
- склучен во Eрусалим на 9 декември 2015 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Заедничка изјава по повод 10 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Државата Израел“
- потпишана во Израел на 12 Декември 2005 година
2. Со одлуки на двете Влади, укинати се визите за граѓаните на двете земји со што е воспоставен безвизен режим за престој до 90 дена
- ( нота на МНР на Израел бр. 14 од 25 август 2008 г. )
3. „Аранжман за соработка во областа на земјоделството меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за земјоделство на Државата Израел“
- потпишан во Тел Авив – мај 2012 година
4. „Протокол за соработка меѓу МНР на Република Македонија и МНР на Државата Израел за соработка во областа на дипломатска едукација“
- склучена во Скопје на 10 ноември 2014 година
5. „Декларација за пријателство по повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Државата Израел“
- потпишана во Ерусалим на 9.12. 2015 година