Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана, со седиште во Прага , г-дин Ниасемби Џејмс Комла.
ЗМНР, Исаки му посака успешна дипломатска мисија и во името на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се заложи за потполна професионална поддршка во извршувањето на должностите на Амбасадорот.
На средбата беше разгледана досегашната билатерална и мултилатерална соработка и можностите за нејзино унапредување. Притоа, беа истакнати приоритетите на Република Северна Македонија во рамките на внатрешната и надворешната политика и беа разменети мислења за актуелни регионални и меѓународни прашања.
Скопје, 26 мај 2022 година