Bilateral relations with Israel


Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел се воспоставени на 7 декември 1995 година 


Билатерална договорна рамка: 

Договори кои се предмет на ратификација 

1. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу Македонската Влада и Владата на Државата Израел“

  • склучена во Ерусалим на 25 мај 1999 година
  • во сила од  30 јуни 2003 година

2. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел за соработка во областа на културата, образованието и науката“

  • склучена во Скопје на 8 јули 2004 година
  • во сила од 27 јуни 2005 година

3. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел за соработка во областите на здравството и медицината“

  • склучена во Ерусалим на 16 ноември 2009 година

4. „Договор меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход“

  • склучен во Eрусалим на 9 декември 2015 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Заедничка изјава по повод 10 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу  Република Македонија и Државата Израел“

  • потпишана во Израел на 12 Декември 2005 година

 

2. Со одлуки на двете Влади, укинати се визите за граѓаните на двете земји со што е воспоставен безвизен режим за престој до 90 дена

  • ( нота на МНР на Израел бр. 14 од 25 август 2008 г. )

3. „Аранжман за соработка во областа на земјоделството меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за земјоделство на Државата Израел“

  • потпишан во Тел Авив  – мај  2012 година

4. „Протокол за соработка меѓу МНР на Република Македонија и  МНР на Државата Израел за соработка во областа на дипломатска едукација“ 

  • склучена во Скопје на 10 ноември 2014 година

5. „Декларација за пријателство  по повод  20 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу  Република Македонија и Државата Израел“

  • потпишана во Ерусалим на 9.12. 2015 година

 

Last updated: 25 March 2021