Средба ЗМНР Исаки- Ниасемби Џејмс Комла

26 May 2022

Заменик министерката за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки, денес ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гана, со седиште во Прага ,  г-дин Ниасемби Џејмс Комла. 

ЗМНР, Исаки  му  посака успешна дипломатска мисија и во името на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се заложи за потполна професионална поддршка во извршувањето на должностите на  Амбасадорот. 

На средбата беше разгледана досегашната билатерална и мултилатерална  соработка и можностите за нејзино унапредување. Притоа, беа истакнати приоритетите на Република Северна Македонија во рамките на внатрешната и надворешната политика и беа разменети  мислења за актуелни  регионални и меѓународни прашања.

 

                       Скопје, 26  мај 2022 година