Амбасада на Република Северна Македонија во Израел

Најнови вести

Телефонски разговор на МНР Бујар Османи со Габи Ашкенази, МНР на Државата Израел

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Државата  Израел, Габи  Ашкенази. Непосреден повод за разговорот е дваесет и пет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел. Министрите Османи и Ашкенази се осврнаа на постигнувањата во изминатиот период, при што констатираа висок степен на пријателство меѓу двете земји и нагорен  тренд во меѓусебната соработка, во сите области од заемен интерес. Воедно, беше потенцирана и заложбата за  продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната соработка. Министрите Османи и Ашкенази разменија мислења и за актуелните состојби на регионален и глобален план.

Инфо од Координативното тело на МНР за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија

Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети. По интензивна комуникација и координација со наши граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа. Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул;  во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија. Дополнително беше одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата. Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани.

МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот (COVID-19). Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација: 075 27 37 32  (редовна линија, Viber, WhatsApp) 071 25 34 30  (редовна линија, Viber, WhatsApp) 072 30 68 45 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 44 66 47 (редовна линија) Електронска пошта: [email protected] Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Туристички дестинации

Баба Планина, Битола

Охридско езеро, Охрид

Дојранско езеро, Дојран